Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите
Отворен инфо ден во Црвен крст Охрид. Оваа хуманитарна организација ја посетија децата од градинката Јасна ристеска и дел од основците од училиштето Христо Узунов. Тие одблиску видоа како охридскиот Црвен крст работи и на што се посветуваат неговите волонтери.
УТРЕ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ
На барање на Министерството за транспорт и врски утре во период од 9 до 14 часот на територијата на општина Охрид и општина Струга ќе се спроведе дезинсекција против ларви од комарци.
Охриѓани синоќа уживаа во вистинска „Фолклорна бајка“
Првото издание на детскиот фестивал Фолклорна бајка ја воодушеви присутната публика со некои од нашите најпознати народни рефрени како „Ах, каде е мојто либе“, „Елено ќерко“, „Никнало цвеќе шарено“.
Кривична за кичевчанец кој направил мини-депонија за хаварисани возила
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на на животната средина и природата со отпад“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево.
„Мобилно 3D кино“, утре за охриѓани го носи „Капетан Америка: Граѓанска војна“
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ Ве покануваат на кино проекции во ВТОРНИК 10.05.2016 година.
Одбележано раѓањето на основоположникот на црвениот крст
Со полагање на свежо цвеке пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движенјето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на 8-ми мај пред 188 години.
Св Наум, место откинато од рајот
Многу легенди, преданија, верувања се искажани за охридскиот локалитет Св Наум. Таму природата на едно место истурила раскош од неколку природни реткости. Но сепак најсилниот показател дека ова место е вредно и свето е фактот што секој турист кој доаѓа во Охрид, од каде и да е, не заминува без да го посети комплексот Св Наум.
Спасен велосипедист во Елшани – симулација
Единицата за спасување на планини и непристапни терени при ОО на Црвен крст Охрид, подготвени да се справат со сите ризици пред престојната конференција „Adventure Next Balkans“. Тие денес тоа го покажаа преку активноста, симулација на повреден велосипедист.