Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина
Охридскиот регион во блиска иднина нема да има проблем со обезбедувањето вода за пиење. Во туристичката сезона, кога потрошувачката на вода се удвојува, во водоснабдителниот систем се внесува вода од Охридското Езеро. Пумпната станица кај Метропол засега е единствен пример на експлоатација на извор во езерото за вода за пиење. Според експертите тоа е алтернатива, на која, во иднина треба да се смета, со оглед на колебањето во издашноста на постојните извори и долгите сушни периоди поради климатските промени.
Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“
Локалната самоуправа ќе ги реши наталожените долгогодишни комунални проблеми на жителите од улиците „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“, во Охрид. Тоа е зацртано со тригодишната развојна програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, 2015 – 2017 год.
Изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК во мирување
Tехнолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, каде што до јуни месец годинава треба да никне ОДВ ЕЛЕКТРИК е во депресија. Ова го кажа првиот човек на фабриката Огнен Цубалевски, кој појсна дека на терен се соочиле со неочекувани дополнителни работи и биле изложени на дополнителен трошок.
Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом
Ќе се подобрат условите и на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Од државниот проект за набавка на 50 машини за перење и сушење дел ќе бидат распределени и во охридскиот дом, во зависност од бројот на студенти кои престојуваат.
Колку е штетен азискиот Толстолобик за охридските автохтони риби
Повеќе примероци од Азиски вид риба со потекло од Кина со просечна тежина од над 2 килограми се уловени во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга. Сортските риболовци сметаат дека новиот вид Толстолобик може да биде опасна за останатите автохтони видови во Охридското Езеро, додека пак научната фела сеуште без одговор како може да дојде во нашите езерски води.
ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта
Од денес со одлука на совет ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Во иднина откако ќе се реконструираат постоечките детски паркчиња,а ќе се направат и нови ќе се практикува овој начин на стопанисување со цел истите да се заштитат од вандалските чинови на поединци.
Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија
Советниците уште еднаш дадоа зелено светло за општината да му го покрие долгот на ОУ „Григор Прличев“ кој го има кон ЕВН Македонија. Причина за долгот е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Советниците од опозицијата побараа градоначалникот како што вети трајно да го реши овој проблем, а не да се носат вакви времени решенија. Секретарот на општината објасни дека интензивно се работи на тоа.
Зголемени цените на угостителските услуги
Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.