Божиновски: Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот
Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот на 62 седница на Советот на општина Охрид, кој не е во функција на потребите на граѓаните, туку на потребите на изборите кои следат, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Денес дефиле на охридските пожарникари
Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици денес во 10 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија.
Уште еден меѓународен успех за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12-ти до 15-ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија.
Пуштена во употреба реконструираната ул.„Воденичарска“ во Велгошти
Улицата заедно со неколку краци е поплочена со бекатон плочки и е соодветно осветлена.
Oхридското крајбржје располага со квалитетни сместувачки капацитети
Oхридското крајбржје располага со квалитетни сместувачки капацитети.
Изложба на фрески и икони со Св Климент ќе бидат претставени во Рим
Годинава нашата земја во Италија, Рим ќе се претстави со изложба на големиот светец Св Климент. Тоа е во знакот на одбележување на двете значајни годишнини, 1130 годишнината од доаѓањето на Св Климент Охридски во нашиот град и 1100 од неговото упокојување, како што појасна Милчо Георгиевски, советник – кустос на охридската Галерија на икони.
Охридските матуранти во петок ќе го играат Квадрилот по петнаесетти пат
Овој петок точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни училишта во градот ОСУ„Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус.
Во сабота „Ден на културни разлики“ во УИНТ „Св. Апостол Павле“
Во сабота, 21-ви мај, на Градскиот Плоштад во Охрид, студенти од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе го одбележат Денот на културни разлики.