Ќе се интензивираат работите околу изградбата на затворениот базен
Подготвителните, земјените и работите на темелната конструкција за изградба на затворениот пливачки базен траат подолго од предвиденото. Тоа и било очекувано како што изјавија за ТВМ од Агенцијата за млади и спорт бидејќи уште при проектирањето на објектот кога биле извршени геомеханичките истражни работи имале сознанија за квалитетот на земјиштето и состојбата на подземните води на локалцијата кеде отпочна да се гради затворениот пливачки базен во Охрид.
Охриѓани несебично даваат поддршка за малиот Кирил
Охриѓани деновиве несебично ја даваат својата поддршка за лекување на малиот Кирил Митрески. Така беше и синоќа во преполнетата сала на ЦК „Григор Прличев“ каде се одржуваше хуманитарниот концерт посветен за него.
СВР Охрид за малиот Кирил
На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок.
Поради минирање, прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денес 3-ти март 2016 година ќе има прекин на сообраќајот.
Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта
Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Секретарот на општината, Димитар Спасески кажа дека овие средства се издвоени во согласност со измените на програмата и оти точно се знае што ќе се прави со нив.
Фатени романски државјани кои украле накит од охридска златара
Приведени четири државјани на Романија, под сомнение дека извршиле кражба во златара во Охрид. Тие синоќа не успеаа со пленот да ја поминат македонско српската граница на граничниот премин Табановце.
Се запали електричната табла во салата во „Григор Прличев“
Изгоре електричната табла во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Пожарот бил изгаснат веднаш благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица. Причинета е само материјална штета, информираат од училиштето.
Во градскиот архив сместена личната документација на писателот Видое Видически
За да се зачуваат важни културни и историски документи архивистите соработуваат со семејствата и прават фондови во дигитализирана форма. Во историскиот архив на Охрид се преземени пет лични фондови кои содржат значајни материјали.