Ќе се реновира Куќата на Робевци
Куќата на Робевци ентериерно ќе се уредува. Министерството за култура за оваа намена издвоило 3 милиони денари. Конзерваторско, реставраторските работи и осовременувањето на ентериерот во овој музејски објект, ќе го вршат екипи на Завод и Музеј од Охрид.
ИмпроВокација, кабаретски спектакл, еднаш неделно во Охрид
Директна комуникација со публиката, преку нов театарски жанр, театарска импровизација. Станува збор за серијал на премиери кои ќе имате можност само еднаш да ги гледате и во истите интерактивно да се вклучите. Импровокативците, односно охридските актери Тодороски, Стаматовски и Кипровски, ве очекуваат утре во 20 часот во ЦК „Григор Прличев“, бројот на публиката е ограничен.
Во Охрид предвреме расцветаa бадемите
Во Охрид предвреме расцветаа бадемите.
Кривична за албански државјанин кој крадел возила во струшко
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија.
Тајните на Охрид: Училиштето „Св.Сава“
Постојат делови од Охрид каде чините времето застанало. Катчиња во кои каменот, циглата и дрвото не се само неми сведоци на животот, туку се места кои имаат сопствена душа.
Се поставуваат нови постојки во Охрид
Отпочна поставувањето на новите автобуски стојалишта, долж булеварот „Туристичка“. За брзо време охриѓани истите ќе можат да ги користат, најавуваат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.
Привршуваат теренските активности на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо
Остатоците од архитектурата на градбата и мозаичните подови кои ги краселе презвитериумот, наосот и нартексот на базиликата беа откриени за прв пат по речиси 50 години, со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и за изработка на детална документација.
Да се оддаде поголема почит на личностите кои не задолжиле со своите дела
Голем број охриѓани кои оставиле трага во својот град, ставени на маргините. Не знаеме да ги почитуваме вистинските вредности и да им одадеме почит на оние кои тоа го заслужиле. Историчарите сугерираат сериозно да се замислиме околу ова прашање бидејќи доколку не си го почитуваме минатото не можеме да имаме ниту иднина.