Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред охриѓани
Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред охриѓани.
ГОРНО КОЊСКО ДОБИ НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА
Нов резервоар за вода доби Горно Коњско со што ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и недостигот од вода за пиење, со кој беа соочени жителите на оваа рурална населба.
Бакрачески: Мора да обезбедиме нормално функционирање на колекторот
Нормалното функционирање на колекторскиот систем претставува суштински проблем на општина Охрид и истиот мора да се решава, истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. Исто така Локалната самоуправа и Јавните претпријатија работат на изградба на атмосферска канализација во делови од градот со цел да се надмине проблемот на поплавени улици при обилни врнежи од дожд.
Бесплатни прегледи во домовите на старите лица
Во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица, која трае од 23-ти до 29-ти ноември Црвен крст Охрид организира повеќе активности насочени, пред се, кон подигање на свеста кај населението во заедницата за правата на старите лица како и потребната грижа и помош која секој може и треба да ја пружа на старите лица.
Љубица Дојчиноска секојдневно се бори со животот
Во Охрид голем број стари лица се сами , осамени и изнемоштени и не се во состојба да се грижат за себе. 82 годишната Љубица Дојчиноска секојдневно се бори со животот снаоѓајќи се како знае и умее. Таа вели дека институциите ја заборавиле и единствена надеж гледа во охридскиот Црвен крст. Од оваа организација веќе интензивно работат на проект преку кој ќе и помагаат на оваа популација на граѓани.
Политичките случувања не влијаат на Новогодишните патувања
Политичките случувања не влијаат на Новогодишните патувања.
Нерасчистени сметки помеѓу двајцата другари причина за двојното убиство во Император
Долг од 4500 евра и нерасчистените сметки меѓу двајцата другари кои работеле нелегални бизниси во Холандија причина за двојното убиство кое се случи лани во август месец во ресторанот Император, според исказот на првообвинетиот во случајот. Таа кобна вечер Бојан Петрески со пиштол го уби Ромео Гузелоски и сопственикот на ресторснот Васил Ристески. Денес пред Основниот Суд во Охрид се одржа шестото рочиште за двојното убиство во Император.
Жените жртви најчесто на психичкото семејно насилство
Жените жртви најчесто на психичкото семејно насилство.