Пристигнаа првите израелски туристи во Охрид
Првата група израелски туристи синоќа слетаа на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“. Израелските гости оваа сезона ќе летуваат на охридската ревиера и според очекувањата до 23 октомври годинава треба да пристигнат околу 5000 израелци.
Викендов започнува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Започнува потрагата по Ристе Алексиески
Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни организира потрага по него.
Охридскиот Архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите
Охридскиот историски Архив поседува едно огромно богатство кое што допрва ќе биде преведувано и јавноста ќе биде запозната со содржините. Оваа Установа може да се пофали со импозантна збирка на ракописи на турски, словенски и старогрчки јазик од 14 век на ваму, како и со библиотека на книги кои припаѓаат на новиот период после 1945 година. Ова го истакна Славица Јанкоска директорката на подрачното одделение на оваа Установа во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на архивите, кое годинава се одбележува по деветти пат под мотото „Архиви, хармонија и пријателство”.
Православните христијани денес го прославуваат вознесението Христово, Спасовден
Ова е посебен празник за мештаните во Горно Лакочереј, но и за секој посетител кој ќе дојде да запали свеќа за здравје во прекрасниот манастир “Св.Спас”.
Кокаин и марихуана пронајдени кај тетовчани во Охрид
На 9-ти јануари 2022 година во СВР Охрид, приведени се Х.Ќ. (26), Љ.А. (23), М.П. (23) и С.У. (23), сите од тетовското село Пирок.
Несертифицираните плински боци – темпирани бомби
Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект причината била нелиценцираната, неисправна или дотраената боца. Од територијалната противпожарна единица со апел, внимателно при купување на плински боци, бидејќи нелиценцираните плински боци претставуваат темпирани бомби.
ГЕОРГИЕСКИ ОБРАЗЛОЖИ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА
Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид.