Skip to main content
Јан 21, 2016

Без фекална и атмосферска канализација, улично осветлување, со раскопан пат натрупан со мини депонии е дел од секојдневието на мештаните на  ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Тие од надлежните во Локалната самоуправа бараат еднаков третман како и жителите од централното градско подрачје бидејќи плаќаат комуналии и без овие инсталации.


Јан 21, 2016

Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка.


Јан 21, 2016

Нови елементи на фактурата за ДДВ. Од почетоков на годинава фактурата за целите на ДДВ мора да содржи, полно име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактурите кај издавачот на фактурата без печат, наместо како што беше досега само краток потпис и печат.


Јан 21, 2016

Активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, се обратија со отворено писмо до Националниот парк „Галичица“, откако повеќе граѓани до нив доставиле поплаки за нефункционирањето на делот Документи, на официјалната страница на Националниот парк.


Јан 20, 2016

Охриѓанки за превентивните  мамографски  прегледи се упатуваат во Вевчани.

2000 покани  се испратени до жените од Охрид, Струга, Вевчани и Дебар за бесплатни  мамографски скрининг прегледи. За два месеци, од кога Министерството за здравство започна да го спроведува проектот до сега, се пријавени 246 жени или  11,2 посто. Од нив 175 направиле мамографски прегледи  во болниците во вевчаниВевчани и Струга .Од кои в  4,6 проценти охриѓанки, 3,5 проценти  стружанки и 1,9 дебранки. По завршување на јануарските празници се очекува оваа бројка да биде поголема.Но, охриѓанки ќе треба да патуваат 70 км во двата правци до болницата во соседното Вевчани.    

„Проблем е што жените од Охрид треба да одат на мамографски преглед  во Вевчани бидејќи мамографот во Охрид сеуште не е вклучен во мамогарфскиот центар за акцијата која ја спроведува Министерството  за здравство за скринингот на рак на дојка. Затоа дел од околу 2 проценти од вкупно пријавените жени размислуваат дали да одат  во Вевчани или не“, информира д-р Слободанка Коцевска од Центарот за јавно здравје.   
   

mamografijaМинистерството за здравство покрај охриѓанките на преглед во Вевчани ги распределува и жените од Дебар, додека стружанки мамографските прегледи ги прават исклучиво во Струшката болница. Од охридскиот регионален  Центар за јавно здравје очекуваат жените кои направиле мамографија пред да ги добијат поканите сепак да им се јават заради евиденција.

„ Жените кои  имаат направено мамографски прегледи во последните 2 години  да се јават да не информираат за да немаат опомени и ние да имаме информација. Има 10 жени кои се јавиле да кажат дека во меѓувреме направиле мамографски прегледи“, напоменува д-р Коцевска.

 Д-р Слободанка Коцевска од охридскиот регионален Центар за јавно здравје напоменува дека жените од регионот сеуште имаат предрасуди и се страмат од  мамографските и гинеколошките прегледи. Д-р Коцевска сепак очекува дека 50 проценти од поканетите жени ќе се пријават на поканите за беспатниот скрининг на рак на дојка. Овие прегледи  ќе траат во текот на целата 2016 година, а со проектот се опфатени жените на возраст од 50 до 69 годишна возраст. 


Јул 17, 2021

Денеска, жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково протестираа против работењето на депонијата „Буково“, притоа блокирајќи го пристапот на камионите и механизација на депонијата.


Јан 20, 2016

Денот на Рибарите повторно се одбележа на култното место, Сараиште. Со песна, пача, рибна чорба, вино и ракија охриѓани се навратија на страта традиција кога светиот крст тајно на овај ден се фрлал во водите на езерото.


Јан 20, 2016

Детското игралиште кај каналот Студенчишта реновирано, адаптирано и проширено. Станува збор за реализација на заеднички проект на Локалната самоуправа со германската амбасада. Средствата кои ги донираше германската амбасада биле употребени за набавка на реквизитите и играчкте во игралиштето, додека пак општина Охрид учествувала со уредување на подлогата.