Во Пештани се отвори нова градинка
Отпочна со работа новата градника во Пештани во рамки на ОУ „Св Наум Охридски“. После Лескоец, Велгошти и Радојца Новичиќ ова е четврт објект за само две години, нагласи министерот Диме Спасов, кој денес беше во работна посета на Охрид и ја пофали работата на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и неговото залагање за зголемување на капацитетите за згрижување на деца.
Бакрачески: Свлечиштето во Даљан ќе се санира
Опасното свлечиште што го предизвика надојдената река Даљан, ќе се санира. Првиот човек на градот информира дека веќе во изработка е стратегија за преземање на соодветни мерки за надминување на опасноста а примарно во наредните 4 дена ќе бидат санирани штетите и ќе биде овозможена безбедност на пешаците и возилата кои го користат овој пат.
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „МАНАСТИРИТЕ ВО ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА“
Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.
На Охрид му требаат нови хотелски капацитети
На Охрид му требаат нови хотелски капацитет.
Охриѓанец ја нападнал сопругата, 83-годишна жена касната од куче скитник-СВР БИЛТЕН
Охриѓанец извршил физички напад врз неговата сопруга, 83-годишна жена била касната од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР Билтен.
Дел од Охрид денес повторно без вода
Од МЈП „Проаква Водовод Охрид“ информираат дека денес, 16- ти февруари, поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „ Јане Сандански“ од семафорите кај охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, како и на улиците „ Сирма Војвода“, „ Карпош Војвода“, „ Мирче Ацев“, „ Ванчо Питошески“, „ Галичица“, „ Никола Карев“, „ 8-ми Септември“ и „ Лазо Трпоски“.
Пет нови автобуски постојки ќе има на Булевар Туристичка
Пет нови автобуски постојки ќе има на Булевар Туристичка.
Земјите од Балканот на заедничка школа за справување со тероризмот во Охрид
Целта на истата според предавачите од Унивезитетот Норвич од САД е земјите да станат проактивни во борбата против тероризмот. На оваа школа учество земаат сите земји од Балканот, како и учесници од САД, Канада и Белгија.