Ресенчанец лажно пријавил дека има експлозивна направа во Леарница
На 16-ти јули 2021 година лишен е од слобода 46-годишниот З.И. од ресенското село Г. Крушја, во врска со претходно добиена лажна дојава за поставена експлозивна направа во фабрика на патот Охрид-Битола.
Зголемени субвенциите за туристите
Се зголемија субвенциите за туристите. Oд почетоков на годинава за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Шпанија и Франција, субвенциите се зголемуваат од 25 евра на 65 евра по лице.
Подигнете ги ЕЗК
Фондот за здравствено осигурување информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а се уште не ги имаат добиено, се испечатени и денеска се дистрибуирани до сите подрачни служби.
Плаќаат комуналии за услуги што не ги добиваат
Без фекална и атмосферска канализација, улично осветлување, со раскопан пат натрупан со мини депонии е дел од секојдневието на мештаните на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Тие од надлежните во Локалната самоуправа бараат еднаков третман како и жителите од централното градско подрачје бидејќи плаќаат комуналии и без овие инсталации.
Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка
Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка.
Печатите на фактурите заминуваат во историјата
Нови елементи на фактурата за ДДВ. Од почетоков на годинава фактурата за целите на ДДВ мора да содржи, полно име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактурите кај издавачот на фактурата без печат, наместо како што беше досега само краток потпис и печат.
Активистите на Охрид ЅОЅ, со отворено писмо до ЈУНП „Галичица“
Активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, се обратија со отворено писмо до Националниот парк „Галичица“, откако повеќе граѓани до нив доставиле поплаки за нефункционирањето на делот Документи, на официјалната страница на Националниот парк.
Охриѓанки за превентивните мамографски прегледи се упатуваат во Вевчани
Охриѓанки за превентивните мамографски прегледи се упатуваат во Вевчани.
2000 покани се испратени до жените од Охрид, Струга, Вевчани и Дебар за бесплатни мамографски скрининг прегледи. За два месеци, од кога Министерството за здравство започна да го спроведува проектот до сега, се пријавени 246 жени или 11,2 посто. Од нив 175 направиле мамографски прегледи во болниците во
Вевчани и Струга .Од кои в 4,6 проценти охриѓанки, 3,5 проценти стружанки и 1,9 дебранки. По завршување на јануарските празници се очекува оваа бројка да биде поголема.Но, охриѓанки ќе треба да патуваат 70 км во двата правци до болницата во соседното Вевчани.
„Проблем е што жените од Охрид треба да одат на мамографски преглед во Вевчани бидејќи мамографот во Охрид сеуште не е вклучен во мамогарфскиот центар за акцијата која ја спроведува Министерството за здравство за скринингот на рак на дојка. Затоа дел од околу 2 проценти од вкупно пријавените жени размислуваат дали да одат во Вевчани или не“, информира д-р Слободанка Коцевска од Центарот за јавно здравје.
Министерството за здравство покрај охриѓанките на преглед во Вевчани ги распределува и жените од Дебар, додека стружанки мамографските прегледи ги прават исклучиво во Струшката болница. Од охридскиот регионален Центар за јавно здравје очекуваат жените кои направиле мамографија пред да ги добијат поканите сепак да им се јават заради евиденција.
„ Жените кои имаат направено мамографски прегледи во последните 2 години да се јават да не информираат за да немаат опомени и ние да имаме информација. Има 10 жени кои се јавиле да кажат дека во меѓувреме направиле мамографски прегледи“, напоменува д-р Коцевска.
Д-р Слободанка Коцевска од охридскиот регионален Центар за јавно здравје напоменува дека жените од регионот сеуште имаат предрасуди и се страмат од мамографските и гинеколошките прегледи. Д-р Коцевска сепак очекува дека 50 проценти од поканетите жени ќе се пријават на поканите за беспатниот скрининг на рак на дојка. Овие прегледи ќе траат во текот на целата 2016 година, а со проектот се опфатени жените на возраст од 50 до 69 годишна возраст.