Од утре затворен патот с. Царина спој со Охрид-Св. Наум, ресенско поради реконструкција
Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција.
Готвачите и хуманоста
Готвачите и хуманоста. Денес врвни гастрономи од Македонија подготвуваа специјалитети за социјално ранливата категорија граѓани. Оваа акција ја организираа маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.
Нашата ниска свест кон водните ресурси со кои располагаме
Нашата ниска свест кон водните ресурси со кои располагаме.
Гастрономите од Македонија се обединија
„Гастромак“ ги собра гастрономите од Македонија на едно место. Од неодамна се формира оваа асоцијација преку која гастрономите многу полесно ќе ги решаваат проблемите, но ќе имаат и можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство. Посебен акцент е ставен на гастрономите од Охрид како најголем туристички центар во Македонија.
Решен децениски проблем во населбите „Воска“ и „Даљан“
Локалната самоуправа вложи 16 милиони денари за уредување на населбите Воска и Даљан. За прв пат изграден е нов систем за собирање и одведување на атмосферски води со колектор и испусна градба. Како што пренесе првиот човек на градот Никола Бакрачески, со тоа е решен деценискиот проблем, а исто така се асфалтираа улици, а се уреди и тротоарската површина.
Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Шарени чорапи денес облекоа жените од Лајонс клубот „Деница“ за да го одбележат светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Нивната порака е сите барем за миг да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за овие лица.
Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП
Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП.
Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди Станкоски
Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски. Тој вели дека потребни се многу малку пари за да се направат училишни лиги, но општината во текот на оваа година нема префрлено ниту денар за таа намена. Од локалната велат дека средства од буџетот за 2016та за оваа намена се издвоени и дека тие во секој момент можат да бидат префрлени на училиштата.