Skip to main content
Дек 19, 2015

Прекрасниот Охрид кој деновиве блесна како од бајка пред Новогодишните празници, магнет за бројните гости да го посетат бисерот на Балканот. Годинава хотелско угостителските капацитети за Новогодишните празници се исполнети. Во структурата на гости доминираат оние од соседните земји и Блискиот Исток, додека пак сеуште мал е интересот на домашните гости за охридската новогодишна понуда.


Дек 19, 2015

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот.


Дек 18, 2015

Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо иако не функционира, урбаната опрема сеуште стои. Од локалната велат дека сопственикот за оваа урбана опрема не плаќа надомест ниту има дозвола за поставување на истата.


Дек 18, 2015

Лектирите за основците ги нема во доволен број. На овој проблем деновиве реагираа родители кои велат дека тешко се обезбедува потребната училишна лектира. Од градската библиотека велат дека располагаат со голем фонд училишна литература. Директорите на училиштата сметаат дека проблемот може да се надмине доколку не са дава истиот наслов во повеќе класови истовремено.


Дек 18, 2015

Биди ѕвезда, не фрлај петарди. Под ова силно мото започна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“ во кој дечињата од охридските основни училишта со пароли во рацете испратија порака до своите врсници но и до родителите.


Дек 17, 2015

Врвни имиња од светската кошарка заедно со локалната ќе работат на популаризација на кошарката во Охрид. Од денешната иницијална средба треба да произлезат неколку иницијативи, а како една од поатрактивните е иницијативата за повторно заживување на турнирите на отворено во градов. Според градоначалникот Никола Бакрачески, реализацијата на ваквите иницијативи и тоа како позитивно ќе делува во насока на развивање на спортскиот туризам во градов.


Дек 26, 2021

Во тек се градежни активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца. Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција.


Дек 17, 2015

Во езерото кај Грашница од канал истекува  нечиста вода.