Авг 13, 2025
Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје
Охрид од 16 до 30 август ќе биде центар на водените спортови, забавата и еколошка едукација во рамки на третото издание на Ohrid water festival. Охридскиот фестивал на водени спортови и годинава ќе понуди богата програма со возбудливи спортски настани, славење и промоција на убавините на Охридското езеро и забава во која ќе уживаат охриѓани и гостите од сите генерации.
Авг 13, 2025
Во земјава не е направена ниту една трансплантација на срце кај лица со механичка пумпа
Стружанецот Васко Јолески пет години живее со механичка пумпа на срце и чека трансплантација. Во земјава досега не е извршена ниту една трансплантација кај пациенти со циркулаторна потпора, но повеќе од една година не е извршени трансплантација на срце воопшто. Пациентите бараат надлежните да се заложат и да дадат жанса за живот на 30 тината млади лица на листата на чекање.
Авг 13, 2025
Албански државјанин се обидел да прокриумчари 21 килограм свежа пастрмка
Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
Авг 12, 2025
Големи загуби на медните приноси во охридскиот регион
Минимални приноси, високи цени, намалена продажба на природен мед. Пчеларите од охридско велат опстојуваат на работ на рентабилност, потребна е поголема поддршка.
Авг 12, 2025
Амбасадорот на Шпанија Сориано Ортиз во посета на Општина Охрид
Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено Грант од милион евра кој што е предвиден за реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО.
Авг 12, 2025
Јавна презентација и расправа по Нацрт извештајот на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 4
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 02.09.2025г. во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 11:30 часот.
Авг 11, 2025
Тинејџерите најбројни гости во екот на сезона
Охрид преполн со туристи, најбројни гости во екот на сезона се младите средношколци и студенти. Експертите велат од туристи со слаба куповна моќ градот нема бенефит, а масовноста носи штети. Треба итно да се менува понудата.
Авг 11, 2025
Пештанец доби кривична затоа што отстранил службена лента и продолжил бесправно да гради
Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид.







