„Слуга на двајца господари“, комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери
Работена по текстот на Карло Голдони, но прилагодена на нашата македонска современост, оваа претстава ќе ја одиграат заеднички турскиот и албанскиот театар од Скопје.
Страста на неповторливото танго пренесена преку звуците на „Танго компас“
Љубителите на музиката ќе имаат неповторлива можност да слушнат пресек на танго музиката од класиците на Пјацола па се до современите автори.
Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро
Научниците не го подржуваат Предлог законот за легализирање на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас. Сметаат дека негативно ќе се одрази врз идниот опстанок на езерото. И од Министерството за животна средина и просторно планирање не дале зелено светло за ваквите измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
ГРАДСКИ ПАЗАР ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА
ЈП Градски Пазар Охрид издава на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²- за намена продажба на пченки.
Лек за бучавата во поригорозни мерки на законодавецот
Лек за бучавата во поригорозни мерки на законодавецот.
Пловните возила треба да се пререгистрираат
Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.
Уште едно непроспиено лето за охриѓани поради проблемот со бучавоста
Граѓаните се жалат на неподносливата бучавост, кафетериите и плажите секојдневно организираат настапи на балкански пејачи, а надлежните велат дека пишуваат соодветни пријави за оние кои не го почитуваат законот.
Наместо Мостот на желбите ќе се направи нов мост
Од наесен наместо Мостот на желбите ќе се направи нов мост. Тоа го тврдат од Локалната самоуправа. Има повеќе причини за тоа. Прво што Мостот на желбите е дивоградба и има решение за негово рушење и второ што изградбата на ветената пешачка патека по брегот на езерото ќе почека па мора да се најде некое времено решение.