Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ
Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем
Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем.
Студентите од ФТУ даруваа крв
Со цел да се привлечат колку што е можно повеќе крводарители од помладата генерација, денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, традиционално беше одржана крводарителската акција, Дарувај крв спаси живот. Анета Јованоска од Општинската организација на Црвен крст Охрид вели дека задоволни се од одзивот на студентите. Таа смета дека тоа се должи на активностите кои ги презеле членовите на новоформираниот клуб „25 млади мотиватори“, кои претходно одржале работилница за мотивирање на студентите за крводарителството.
Курајчко средсело
Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид, и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе во постигнувањето на дефинираните стратешки цели и е во согласност со стратешката цел за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна презентација и промоција, како и со стратешката цел во областа на културата, културно-историското и природно наследство за изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој на културното и природното наследство.
Туристичките посети и ноќевања во земајва со тренд на раст во периодот јануари-октомври
Туристичките посети и ноќевања во земјава со тренд на раст во периодот јануари-октомври.
Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети
Охрид ги прати европските трендови. Наредново лето во градов ќе бидат поставени софистицирани јавни тоалети кои ќе му дадат еден подобар имиџ . Тоалетите ќе бидат набавени преку проект на Југозападниот плански регион, а со пари од европските фондови. Локалната е задоволна што конечно ќе се реши еден горлив проблем на градот.
Прекрасни етно специјалитети на вештите жени за хумана цел
Лицитирајќи за приготвените јадења, тие собраа средства за да организираат предновогодишни забави низ цела Македонија за децата со посебни потреби. Велат дека благодарение на настанот во кој беа вклучени и глуви и наглуви жени, тие создаваат еден мост помеѓу овој свет и светот на тишината.
Совладан и тимот на Радовиш
Уште еден натпревар ги дели Охридските ракометари од пласман во плејофот кој беше посакуван пред почетокот на сезоната.