Skip to main content
Фев 23, 2016

Отпочна поставувањето на новите автобуски стојалишта, долж булеварот „Туристичка“. За брзо време охриѓани истите ќе можат да ги користат, најавуваат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.


Јул 21, 2021

Остатоците од архитектурата на градбата и мозаичните подови кои ги краселе презвитериумот, наосот и нартексот на базиликата беа откриени за прв пат по речиси 50 години, со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и за изработка на детална документација.


Фев 23, 2016

Голем број охриѓани кои оставиле трага во својот град, ставени на маргините. Не знаеме да ги почитуваме вистинските вредности и да им одадеме почит на оние кои тоа го заслужиле. Историчарите сугерираат сериозно да се замислиме околу ова прашање бидејќи доколку не си го почитуваме минатото не можеме да имаме ниту иднина.


Фев 23, 2016

Санација на заштитната мрежа на повеќенаменските игралишта во градов, косење на трва како и нивно чистење од отпадоци, врши деновиве јавното претпријатие „Градски пазар“. Покрај тоа ова Јавно претпријатие во март месец годинава ќе изгради и ново спортско игралиште за кошарка во населба „Воска“, „Даљан“. 


Фев 23, 2016

Состојбата со штетникот жолтомешка алармантна во охридските шуми.


Фев 23, 2016

Во понеделник со почеток во 10,30 часот, закажана е педесета и првата седница на Советот на општина Охрид.


Фев 23, 2016

Повеќе акциски контроли реализира викендов Секторот за внатрешни работи во угостителски објекти во Охрид и Струга.


Фев 22, 2016

Училиштето „Св.Климент Охридски“ подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Училиштето континуирано работи и на подобрување на условите и за останатите ученици.