Skip to main content
Сеп 5, 2015

Продолжуваме со реализација на проекти кои се во интерес на пензионерите. Нашата грижа кон оваа популација не застанува, истакна министерот Диме Спасов, при денешната посета на пензионерите кои се на бесплатен викенд во Охрид. Во таа насока денес министерот обелодена дека  МТСП денес објави јавен повик за бесплатен туристички викенд на 3000 пензионери, како и јавен повик за бесплатна бањско климатска рекреација за 5500 пензионери за 2016 година.


Јул 5, 2021
Утринава прекрасна беше глетката кај црквата “Св.Спас”, село Годивје, славна Дебрца.

Сеп 5, 2015

Згрижувачкото семејство – шанса за топол дом. Со Владиниот проект „За секое дете топол дом“, згрижени се вкупно девет деца во Охрид. Потребна е поголема промоција на овој проект со цел, семејствата кои имаат можност за згрижување, да ги дознаат сите привилегии кои ги дава правото на згрижувачко семејство, информираат од ЦСР Охрид.


Сеп 4, 2015

Охридските земјоделци ќе закупaт 1 хектар  државно земјиште понудено  на јавен  оглас.


Сеп 4, 2015

Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите. Денес во Охрид беше потпишан Меморандум за разбирање и за спроведување на потребните мерки за справување со огромниот прилив на бегалци. За овој глобален проблем потребно е Европско решение, и делување што поскоро, беше генералниот заклучок на министрите за внатрешни работи од Мкаеонија, Србија и Австрија како и унгарскиот заменик државен секретар.


Сеп 4, 2015

Колекторскиот систем е со должина од над осум километри, а инвестицијата чини повеќе од 250 илјади евра.


Сеп 4, 2015

Градовите пријатели на Охрид, со кои општината има потпишано договор за збратимување и одржува врски, се од голема важност за промоција на градот. Нашиот град соработува со 30 сетина градови од Европа и светот а од неодамна работи на меѓународни проекти од заеднички интерес со Веспрем, Велеград и Модра – Злински крај и Исео Италија.


Сеп 4, 2015

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид.