Skip to main content
Дек 24, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид.


Дек 24, 2015

Само околу еден месец откако коритото на реката “Грашница” беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за”Јавна хигиена” на “Ј.П. Охридски Комуналец”, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад.


Дек 23, 2015

Охриѓани реагираат дека бојата на пешачките премини на дел од улиците во градов е избледена. Тие сметаат дека со тоа се доведува во опасност безбедноста на пешаците. Од Локалната, вината ја посочуваат на несовесните возачи кои веднаш по обележувањето се движеле по сообраќајниците, но ветуваат дека за брзо време ќе пристапат кон нивно повторно означување.


Дек 23, 2015

Хидробиолошкиот Завод одсекогаш бил и останува расадник на меѓународно признати научници од областа на лимнологијата и другите научни дисциплини и секогаш ќе дава голем придонес во науката. Ова го истакна проф. Др Сузана Патчева, директорката на институтот, на денешната свеченост по повод 8 деценискиот јубилеј на оваа јавна научно истражувачка установа.


Дек 23, 2015

Приватните станоиздавачи побараа  промена на законoт и можност легално да работат.


Дек 23, 2015

Од ОО на СДСМ ОХрид со соопштение до медиумите повторно алармираат дека на неколку одделенија во ЈЗУ Општа болница – Охрид нема греење.


Дек 23, 2015

Од синоќа започна предновогодишната програма во градов. Предвидено е да настапат многу дечиња од основните училишта и градинките како и млади охридски уметници. Групата „Компас бенд“,  охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј и ансамблот „Билјана Јуниор“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за новогодишната ноќ.


Фев 23, 2022

38-годишна охриѓанка која во коментар на социјалните мрежи повика „да се запалат со се хотелот“ припадниците на еврејската верска група „Лев Тахор“, кои се сместени во хотел во охридското село Лакочереј, доби кривична пријава.