Skip to main content
Окт 21, 2015

Во Охрид се купувало со лажни апоени од 500 денари, и 100 долари, а во Дебар со фалсификувани банкноти од 50 евра. СВР Охрид добар дел од сторителите на ваквите кривични дела ги открил и поднел соодветни пријави, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.


Окт 21, 2015

Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.


Окт 21, 2015

На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува  во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.


Јул 10, 2021

Во рамките на „Охридско лето“, денеска и утре ќе се одржува „Подиумот на млади“ како предвесник на 61. фестивалско издание.


Окт 20, 2015

Македонската полиција  доби награда за најуспешно реализирана акција за сузбивање компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија заедно со нивните колеги од Србија се добитници на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај.


Окт 20, 2015

Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола. Граѓаните може да фрлаат  градежен шут   само една приколка, но  со  претходна  најава и дозвола  од претпријатието. Големите количини шут од градежен материјал пак се одлагаат исклучиво на  депонијата Буково.  Од Комуналец  нема најави или планови дали наскоро градежниот шут ќе се преработува и претвора во корисен материјал.


Окт 20, 2015

Во Македонија недостига медицински персонал. Таков е впечатокот на сопствениците од дел на приватните медицински установи од Охрид, кои забележуваат дека од 40 пријавени медицински сестри во Агенцијата за вработување, едвај 5 од нив се јавуваат на интрвју за работа. Од Здружението на медицински сестри со став, невработените медицински сестри претендираат работа во државните медицински установи поради повисока плата.


Окт 20, 2015

Продолжуваат градежните зафати на пешачката патека од мостот до Горица1. Во тек е реализацијата на втората фаза. Охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека кон крајот на ноември.