Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта
Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта. Последните дождови го оштетиле објектот во фаза на реконструкција. Од ОУ Св Климент Охридски стравуваат за безбедноста на учениците и минувачите. Од завод и музеј смируваат ситуацијата е под контрола и нема да дозволат влошување на состојбата.
Поради голем интерес набавени повеќе вакцини против сезонски грип
Охриѓани започнаа да се вакцинираат против сезонски грип. Иако официјално вакцинирањето започнува од задутре поради големиот интерес во Центарот за јавно здравје уште денес беа дадени првите вакцини. Годинава се набавени 500 вакцини повеќе од лани со што треба да се задоволат потребите на граѓаните.
Второ рочиште за двојното убиство во Император
Денеска во Основниот суд Охрид продолжи судењето за двојното убиство во угостителскиот објект Император што се случи во август минатата година. На второто рочиште беа сослушни исказите на 6 сведоци. Двајцата осомничени за убиството на Ѓузелоски и Ристески се изјаснија како невини на предходното рочиште.
Нови чартер летови од охридскиот аеродром
Тим предводен од Генералниот Директор на Arkia Itnernational, Дуду Макхлаб, на состанок со Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, потврди дека започнуваат чартер летови кон Охрид почнувајќи од 1-ви јуни 2016 година.
Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Осломеј
Десет лица се здобиле со тешки а десет други со лесни телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци.
Нема траги на насилство на пронајденото безживотно тело
Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“.
Започнуваат испитите за такси возачи
Охридските таксисти во текот на месеците октомври и ноември ќе можат да полагаат испит за авто такси возачи.
ОТВОРЕН СОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. ЕРАЗМО“
Ставен во функција реконструиран базенот за физикална терапија во болницата Свети Еразмо. Со проектот на Центарот за развој на Југозападниот регион поддржан од Швајцарската амбасада, чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е комплетно осовременување на базенскиот дел, поставени се нови плочки и сончеви колектори. Конечно пациентите од регионот добија соодветни услови за рехабилитација.