Skip to main content
Окт 10, 2015

Стариот бабин рецепт за сушење овошје станува се поактуелен. Земјоделската фирмата Агриком започна со производство на сушено јаболко кое е органски произведено.Ваквата храна гледано од нутриционистички аспект е многу поздрава и ги задржува сите витамини и сокови. Европа се повеќе ја користи а скромно започнува да се пласира и кај нас.


Окт 9, 2015

Општина Охрид денес во големата општинска сала одржа свечена седница по повод одбележувањето на 11 октомври, денот на народното востание. Присутните гости ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев, предавање одржа Бобан Блажески, професор по историја. Годинава немаше обраќање на претставниците од Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца.


Окт 9, 2015

Сладок сувенир за гостите кои ќе го посетат Охрид. Слаткото од охридски цреши туристите ќе можат да си го купат и да си го понесат со себе. Ова е идеја на некои професори од Факултетот за земјоделски науки и храна кои сметаат дека што поскоро треба да се брендира охридската цреша.


Окт 9, 2015

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид ги информира сите заинтересирани кандидати дека Конкурсот за запишување на постдипломски студии во првиот уписен рок во академската 2015/16 година е отворен до 16 октомври.


Окт 9, 2015

Што се однесува до можноста од постоење на црн пазар на отпадно масло на кој живинарски фарми го купуваат а потоа го мешаат во храната за живина од агенцијата со одговор дека нивните инспекциски служби ги контролираат единствено поголемите комерцијални фарми за животни. Кај нив не била забележана таква појава.


Окт 9, 2015

Со средствата кои ќе бидат собрани на оваа хуманитарна акција ќе се помага на неколку охридски семејства на кои им е потребна финансиска помош за лекување.


Окт 9, 2015

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.10.2015 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„).


Јул 8, 2021

Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Издавачите мора да ги почитуваат  важечките прописи за висок степен на безбедност на вода на лицата кои ги изнајмуваат. Најчести интервенции на спасителите на вода биле на  давеници  од педалинки.