Отворено ормарче за струја – опсно или не !!!
Струјно ормарче во Трговскиот Центар „Пазар“, неколку месеци стои отворено и незаштитено. Досега од страна на ЕВН не е преземено ништо истото да се обезбеди и да се затвори.
Економски нерентабилни типизираните сувенирници во Охрид
Сега НУ Завод и Музеј овие наменски објекти има намера да ги препушти на користење на општина Охрид. Во општина Вевчани сувенирницата веќе е пренамената во туристички информативен центар.
Охридскиот народен театар се враќа со награда за оригинална актерска изведба од фестивалот „Ристо Шишков“
Наградата „НЕТА“ на фестивалот „Ристо Шишков“ во рацете на триото актери од Охридскиот народен театар.
Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид
Утре 16 септември на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, ќе се одржи третиот и последен уписен рок за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2015/2016 година.
Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?
Можна смена на позицијата уметнички директор на Охридскиот народен театар.
Капацитетите на бродовите кои пловеа по Охридското Езеро исполнети до последно место
Бротските линии Охрид – Поградец, Охрид – Св. Наум, оваа сезона ги искористиле голем број на домашни и странски туристи. Капетанот Горан Устијаноски задоволен, очекува точни податоци за бројот на туристи кои ги искористиле линиите. Тој смета дека оваа туристичка сезона бележат зголемен број странски гости кои пловеле со бродовите по Охридското Езеро.
Започна новата академска година
Од денес новите академски граѓани започнуваат со своето високо образование. Започна новта студиска година. На ФТУ Охрид се одржља првиот свечен час на кој добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите. Бројот на студенти кои се одлучиле своето образование да го продолжат на оваа високообразовна институција од година во година расте.
Во Охрид има доволно огревно дрво
Во Охрид има зголемена побарувачка на огревно дрво, обелодени директорот на охридското шумско претпријатие „Галичица“, Наум Будоски. Според него тоа се должи на успешната акција „Гора“ која појавата на бесправна сеча ја сведоа на минимум. Огревното дрво и годинава се продава по истата цена како и минатата година, потенцира Будоски.