Skip to main content
Апр 18, 2015

Маратонците, веќе ги имаат своите првични идеи, а ќе работат на создавање апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција.


Апр 18, 2015

Отпочнувањето на работите беше  одбележано со присуство на министерот за финансии Ставрески, Градоначалникот Бакрачески и медиумите. Но кога си заминаа камерите и новинарите си заминаа и машините и работниците. Градоначалникот вели дека работите ќе се интензивирале од понеделник.


Апр 18, 2015

Младите најдобро можат да се разберат меѓу себе, посебно ако нивните врсници се едуцирани на одредена тема. Едукација на малдите во областа на сексуалното и репродуктивно здравје изведува театарската група „Сенки и облаци“ преку креативната алатка Театар на сенки.


Апр 18, 2015

Во Охрид се помал е бројот на  млади доктори. Во општата болница 10 новопримени доктори ќе одат на специјализација. Проблемот со недостаток на кадар, ресорното министерство времено ќе го  премостува преку проектот „Наш специјалист“. Преку овој проект доктори од една здравствена установа ќе бидат испратени во друга каде што има дефицит и потреба од некаков вид на специјалност.


Апр 17, 2015

Законот за работни односи во делот за штрајк е многу едноставен, но последиците за оние кои штрајкуваат не се едноставни и се злоупотребуваат од страна на Владата и Менаџерските тимови. Ова  беше истакнато на денешниот регионален семинар кој се одржа во Охрид, во организација на УНАСМ во соработка со Европскиот Центар за работнилки права.


Апр 17, 2015

ЈП „Градски гробишта“  ја расчистува депонијата која 30 години стои на муслиманскиот дел од гробиштата. Реализацијата на оваа активност на ЈП ќе ја чини 500 000 денари за што е ангажирана фирмата Класик Компани од Охрид.


Ное 15, 2017

Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод топ тема во охридската јавност. Причината е неговото прераспределување на позиција раководител на одделението за срцеви аритмии во што дел од граѓаните препознаа деградирање и реваншизам затоа што предходно Д-р Бакрачески беше шеф на одделението за интервентна кардиологија и директор на заводот. Актуелната директорка на Заводот, др Гордана Донеска вели дека го распределила на  единственото слободно раководно место во моментот и тоа не значи дека докторот нема или не смее да работи на интервентна кардиологија. 


Апр 17, 2015

Локалната започна со реализација на проектот за изградаба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. На овој начин ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите.