Skip to main content
Ное 6, 2015

Женскиот лајонс клуб Деница денес го разубави дворот на охридската гимназија Св.Климент Охридски. Тие велат дека ова е една симболична акција како да се поттикнат младите на размислување не само за естетиката туку и за значајната функција на белите рози кои го филтрираат загадениот воздух.


Ное 6, 2015

Деновиве се работи на поставување на нови тротоари на дел од ул „Јане Сандански“. Тоа го прават екипи на ЈП „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.


Ное 6, 2015

Денес со свечена седница и пригодна културно уметничка програма беше оддадена достојна почит на храбрите борци кои во далечната 1944та година, на 7ми Ноември ги дадоа своите животи за нашата слобода.


Јул 12, 2021

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која вчера околу 18:50 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превојот „Буково“.


Ное 6, 2015

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 ноември 2015 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка Маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Ное 6, 2015

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„).


Ное 6, 2015

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија.


Ное 5, 2015

Додека не се изгради новата фабрика на овој германски гигант во зоната, оваа инвестиција ќе функционира во простории од некогашно ЕМО. Се работи за инвестиција од 50 милиони евра, а со чија реализација ќе бидат вработени 1000 луѓе.