Skip to main content
Мар 14, 2015

Големи и опасни дупки на патниот правец Охрид – Ресен во близина на Крушје се причина за сериозни оштетувања на автомобили на граѓани кои поминуваат отука. Златко Ангелески од Охрид за ТВМ раскажа едно непријатно искуство, што го доживел синоќа точно на тој патен правец.


Мар 14, 2015

Населбата Чекоштина ќе добие нов изглед. Според новиот  урбанистички план, таму треба да никнат семејни куќи, згради, угостителски објекти и друг вид комерцијални содржини. Планиран е  и простор кој ќе биде хортикултиурно уреден, а ќе има место и за црква.


Јун 16, 2021

Проектот „Yes team for the win¨ во организација на Младинскиот образовен форум беше таргетиран кон младите луѓе со цел да ја пополни празнината, да придонесе за развивање практични вештини и применливо знаење.


Мар 14, 2015

Легализацијата и урбанизацијата се само дел од низата проблеми со кои се соочуваат агенциите за недвижности од Охрид. Агентите за недвижности   сметаат дека лошата состојба и проблемите со пазарот за недвижнини може да се подобри, само доколку градските власти имаат план и стратегија да го урбанизираат Охрид, од бензиската кај Билјанини до Св Наум. Односно да ја исполнат законската одредба, на секои 10 години  да го сменат Генералниот урбанистички план, како бизнисмените би имале терен за инвестирање во Охрид.


Мар 13, 2015

Години наназад граѓани реагираа дека не можат да ги користат тротоарите кои се за нив наменети бидејќи на нив, во текот на летото се поставени маси и столици.


Мар 13, 2015

Владеачкото мнозинство во Советот не ја прифати иницијативата и барањето на советниците од опозицијата за поширока дебата околу урбанизацијата на просторот на Студенчишкото Блато.


Мар 13, 2015

Од кога МОН одлучи во државната матура да се полага задолжително и математиката,  повторно се разбрануваа страстите во образовните институции. Во охридската гимназија веќе се зафатија за работа околу подготовките за дрѓавната матура, а во стручните училишта се полежерни бидејќи за овој проблем ќе мислат дури од наредната учебна година.


Мар 12, 2015

Прв пат во Македонија се доделуваат средства за иновации. Државата веќе обезбеди 600 000 евра а сите заинтересирани имаат можност со пилот проекти да аплицираат најдоцна до 18 ти април во Фондот за иновации и технолошки развој.