Skip to main content
Јул 23, 2015

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Јул 23, 2015

Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец  ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела).


Јул 22, 2015

За жал сеуште малку е направено за еден од најзначајните македонски писатели на дваесеттиот век Живко Чинго, смета академик Милан Ѓурчинов, кој денес во Уранија имаше своја реч за делата на големиот автор Чинго. Тој смета дека на брегот на езерото треба да се постави споменик бидејќи неговата уметничка вредност го заслужува тоа.


Јул 22, 2015

ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите од Англија и Базел кои ќе слетаат на аеродромот Св. Апостол Павле. Интерес кај гостите има па до сега се реализирани неколку тури.


Јун 30, 2021

Ќе се организираат свадби во затворен простор со максимум 250 гости. Важат протоколите за забранет физички контакт и задолжителна дистанца.


Јул 22, 2015

Владата на Република Македонија, на предлог од Министерството за здравство, донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од денеска (среда, 22 јули) до вторник (28 јули).


Јул 22, 2015

Пациентите ќе може да поднесат претставка до директорот на здравствената установа доколку се незадоволни од односот на здравствените работници, што е предвидено со Законот за здравствена заштита и со Правилникот за хоспитална култура.


Јул 21, 2015

25 млади дами од повеќе земји ќе стекнуваат лидерски вештини на втората по ред Сороптимист лидерска академија за жени.