Роботи што се движат сами, шарени и средени нокти во ЕМУЦ
Сето ова можеа да го видат основците од охридските училишта на отворениот ден во Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“. Ова, и многу други активности се дел од програмата на ова средно општинско училиште за одбележување на нивниот патронен празник.
НИСКА ЕКОЛОШКА СВЕСТ-ПОДИГНАТИ ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ НА НЕСООДВЕТНО ДЕПОНИРАН ОТПАД ОД ПЕШТАНИ
Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани.
Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има
Оваа зима нема да има лизгалиште на градскиот плоштад бидејќи по огласот што го објави Локалната не се јавија заимнтересирани страни. Сепак градскиот плоштад кој е убаво украсен е привлечно место за најмладите и за повозрасните. Секој ден има богата културно-уметничка програма која дел од предновогодишната забава.
Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници
Охрид за новогодишните празници ќе биде полн. Гости од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција токму во нашиов град ќе ја испратат старата, а ќе ја дочекаат новата година. Хотелиерите задоволни од исполнетоста на нивните капацитети.
Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време
Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година, ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо вели дека инвестициите на двете германски компании ОДВ електрик и Костал е само доказ дека потенцијалот на овие објекти е голем.
Пензионерите и годинава празнично на геријатрија
Дружба, софра и најава за реализација проектот за проширување на геријатрија Охрид е исходот од денешната традиционална посета на охридските пензионери во геронтолошкото одделение при општа болница Охрид.
Традиционално и годинава софра за луѓето од ранливите категории
„Голем број на родители од социјално ранливите семејства верувам дека ќе најдат вработување во тирз зоната“, истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев на денешната софра со ѓраѓаните од ранливите категории, која денес се одржа во ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид.