Skip to main content
Дек 11, 2014

Првиот бран на намалување на цените во некои трговски дуќани во Охрид е веќе почнат, додека пак дел од охридските трговци го чекаат вториот бран на топење на цената, кон крајот на зимскат сезона. На некои излози веќе е истакнато дека има попусти од 20, 30, и 50 отсто но ретко кој од купувачите верува во нив.


Дек 11, 2014

Во продажба се пуштени картите за претставите со кои „Детектор за лаги“ и на „Дното“ во изведба на актерите на „Народниот театар“ од Охрид.


Јун 4, 2021

Тие освоија  максимален број на поени во двете  категории бела рибна чорба и рибен паприкаш.  За  подготовката на автентичен охридски начин на рибна чорба  користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле  охридски крап.


Дек 11, 2014

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.


Дек 11, 2014

Од МЈП „Проаква“, РЕ Водовод информираат дека утре во периодот од 8-13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од Свети Стефан, од „Орце Николов“ до хотелот „Гранит“.


Дек 11, 2014

Утре, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство со почеток во 12.30 часот ќе бидат промовирани рачно изработениот накит од бисер и филигран, спакована традиционална храна и рачно изработен бакар во рамки на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“.


Дек 11, 2014

Сашо Василевски, пратеникот во Парламентот на РМ од Охрид вчера е избран за претседавач  на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби, која беше формирана вчера во Собранието на Република Македонија.


Дек 10, 2014

25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека тоа не е резултата на финансиската состојба во кој асе наоѓа претпријатието туку е дел од програмата за принуден одмор која претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред.