Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид
Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид.
Охриѓанец фалсификувал долари
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид.
Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО
Тие денес со мирен протест низ неколку охридски улици, уште еднаш ги побараа своите плати и придонеси, но и ветената помош за олеснување во плаќањата кон охридските јавни претпријатија. Велат дека од она што досега им било ветено, ништо не е остварено.
Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН
Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН.
Колку должи Студентскиот дом „Никола Карев“
Според Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Првиот човек на охридскиот студентски дом, Марјан Ристески вели дека кај нив состојбата не е алармантна. Деновиве заврши и конкурсот за нов директор на овој државен студентски дом.
Жителите на „Абас Емин“ се жалат на застој
Жителите на „Абас Емин“ се жалат на застој, непроодност на улицата, блокирани приоди и проблеми со водоснабдување. Вчера попладне камион од механизацијата без никаква најава ја блокираше улицата еден час, што предизвика кавга со жителите. Бараат да се убрза реконструкцијата. Градоначалникот Георгиески уште на стартот на овој проект ги повика граѓаните на разбирање, бидејки се работи за комплексен проект.
Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца
Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца.
Љубовта не ги брои хромозомите
Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив.