Семејното насилство во Охрид бележи нагорен тренд
Одговорно и должно постапување, интензивна соработка и координација заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на жртвите, договорија претставниците на СВР Охрид, на центрите за социјални работи од Охрид и Струга, на основните јавни обвинителства од Охрид и Струга,на општина Охрид како и претставниците на невладините организации од Охрид и Струга, на вчерашната работна средба на тема „Превенција на семејното насилство-привремени мерки за заштита и нивна примена“.
Утре започнува полагањето на државната матура
Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.
Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми
Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми.
Охридската пошта кубури со кадар
Поштата во Охрид, има кадровски дефицит од најмалку 20 лица. Директорот на охридската подружница на Македонски пошти Сејфула Хани очекува овој проблем да се надмине на почетокот од 2015 година. Тој категоричен во својот став, дека и покрај проблемите со кои се соочуваат, Македонска пошта добро се држи и останува и понатака препознатлив бренд на државата.
Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност
Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност.
Туристичката понуда на Охрид во реномирани туристички списанија
Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација.
Превентивната функција e новиот лик и имиџ на полицијата
Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.
Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво
Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво.