Skip to main content
Мар 12, 2015

Тие заедно со нивните колеги од нашето угостителско училиште ќе подготвуваат македонски традиционални јадења како дел од нивната практична настава. Гостувањето во Охрид им е обезбедено преку Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти.


Мар 12, 2015

Брежанци една година немаат линиски превоз. Тие бараат барем еднаш во неделата да се најде превозник кој ќе ги носи до нивните родни огништа. Во ова село од Дебрца живеат околу дваесетина стари лица, а покрај проблемот со превозот како што кажаа брежанци нив не ги посетува ниту доктор.


Мар 12, 2015

Во охридскиот Кардиолошки завод постојано се инвестира.


Мар 12, 2015

Засилени полициски мерки на превентивен план, физичко обезбедување, воспоставување на видеонадзор и подобрување на осветлувањето на градскиот пазар, се главните заклучоци што беа донесени на вчерашната средба на претставници на отсекот за превенција при СВР Охрид со претставниците на јавното претпријатие „Градски Пазар“, со сопствениците на трговски објекти и корисниците на тезги.


Мар 12, 2015

Денес 12- ти март, во периодот од 15 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „15- ти Корпус“. Од 13 до 15 часот без струја ќе остане дел од населбата Чекоштина, а од 11 до 12 часот дел од „Железничка“ и улицата „ Винковачка“, информираат од ЕВН Македонија.


Мар 11, 2015

Март, месец на театарот. Во охридскиот народен театар се работи со засилен интензитет. Се подготвуваат нови престави, а за летово се најавуваат голем број новини. Турбулентните времиња остабнаа зад нас, вели раководителот Горан Стојаноски.


Јун 16, 2021

Започна остранувањето на платформите на плажата Потпеш во Охрид. Концесионерите доброволно отстрануваа се што е до езеро, но бараат законите на државата да важат подеднакво за сите. Како во Струга, така и концесионерите во Охрид да најдат законска рамка и да продолжат да работат.


Мар 11, 2015

Свлечиште се појави во непосредна близина на ОУ „Св Климент Охридски“.