Екс градоначалникот на Охрид заработи нова кривична пријава
Екс градоначалникот на Охрид, заработи уште уште една кривична пријава. Таа се однесува на „злоупотреба на службена положба и овластување“со што пријавениот се терети дека во предизборниот период 2013 година незаконски вработил 165 лица.
Матурска вечер во Италија
Матурска без скапите фустани и одела. Класичното и од година во година се попомпезно славење оваа генерација матуранти од гимназијата Св. „Климент Охридски“ ќе го заменат со матурска екскурзија во Италија. Оваа идеја е на учениците а ја поддржуваат и најголем дел од родителите. За оние ученици кои финансиски не се во можност да одат на оваа матурска екскурзија ќе се бараат спонзорства.
Кривична пријава за охриѓанец за 165 договори за вработувања без издржана потреба
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.
„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во Кошишта и Воска
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,, (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).
Судска разрешница за случајот лизгалиште следната недела
Судска разрешница за случајот лизгалиште следната недела.
Можни измени на правилникот за безбедност на капалиштата-ќе се применуваат од наредната сезона?
Број на спасители според должината на ефективно користената површина на плажата, намалени зони за безбедно капење. Предлог измени на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, министерства, претставници од локални самоуправи, заеднички дискутираа за подобрување на застарената законска регулатива за безбедност на капалиштата.
Наместо кај Гимназијата автобуси ќе се чекаат кај Жито Леб на Туристичка
Се дислоцира автобуската постојка кај Гимназијата.
Одбери љубов! Кажи не на насилството!
Со модринки или без, тивко или гласно, често или само еднаш. Физичко, вербално, психичко, сексуално, насилството врз жената е кривично дело. Денес во ОСУ „Св Кирил и Методи“ се одржа едукативна работилница за средношколците во рамки на проектот, „Едукација и превенција“. Настанот го организира Женски Центар „Бисера“.