Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба
Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба.
ПЛАНИРАЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА НАТО ВЕЖБАТА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска денеска присуствуваше на официјалниот почеток на финалната планирачка конференција во рамки на подготовките за вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (ЕАДРЦЦ) ќе се одржи во септември годинава на подрачјето на Охрид и Струга.
Дебрца прави терен за развој на туризам
Општина Дебрца подготвува терен за развој на рурален туризам. Во таа насока градоначалникот Игор Трајкоски најави викенд населба во селото Црвена Вода. Тој упати апел до дебрчани, да пројават интерес за преадаптација на старите куќите кои не ги користат, во викенд објекти за изнајмување, за што можат да искористат средства од ИПАРД програмата.
СДСМ бара стопирање на огласот за продажба на атрактивното земјиште под Плаошник
Атрактивно државно земјиште под Плаошник бадијала се продава, реагираат од ОО на СДСМ Охрид. Од таму бараат поништување на огласот како и тоа и да се стопира продажбата.
Претставата „Детектор за лаги“ повторно пред охриѓани
„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Уште 1 месец за поднесување даночна пријава
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.
За Охридското црно и бело вино две втори места за квалитет во Неготино
За Охридското црно и бело вино две втори места за квалитет во Неготино.
Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња
Здруженијата за заштита на животни од Охрид и Струга со жалење за случајот со човек нападнат од кучиња. Одговорноста ја бараат кај надлежните кои години наназад не го решиле проблемот со кучињата скитници.