Со камери ќе ги снимаат часовите во Авто школите
Сите Авто школи во државава до 2017та ќе треба да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови. Ова е предвидено со новиот предлог Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Здружението на авто школи, возачи и инструктори на РМ не ги прифаќа ваквите новини.
Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните
25ти октомври, европскиот ден на граѓанските права одбележан во Основниот суд во Охрид. Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. Претседателот Милчо Клишески задоволен како истиот функционира нагласува дека се повеќе се трудат да бидат транспарентни и отворени за граѓаните.
СЕ ЧИСТИ И УРЕДУВА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ЛАГАДИН
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин“, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.
Југозападниот плански регион не функционира
Југозападниот плански регион не функционира.
Отворен ден за прашања поврзани со мозочен удар
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар.
Охриѓанец се послужил во маркет и одбил да плати
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид.
Вo понеделник литургија во велгошкиот манастир Св.Петка
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 октомври 2014 година, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот.
Ќе се подига кабаст отпад во Кошишта, Далјан и Воска
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,, (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).