Skip to main content
Јун 25, 2021

Книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ ќе биде промовирана вечерва во Охрид. Книгата претставува своевиден туристички водич во кој се прикажани доживувањата на луѓето кога ги посетувале македонските знаменитости. Во книгата посебно место имаат Охрид и обележјата на градот.


Мај 22, 2015

Градскиот плоштад денес обоен со црвена и жолта боја.  Годинешната матурска парада е јубилејна, десетта по ред.


Мај 22, 2015

Денес на ФТУ беа доделени 99 дипломи за првиот циклус од студиските програми на факултетот. Годинава значајно е што оваа установа го одбележува и својот јубилеј, 45 години од постоењето на факултетот.


Мај 22, 2015

Во буџетот на општина Охрид предвидени се средства во висина од 200 000 денари за директна парична помош на луѓето кои се во социјален ризик. Градоначалникот Никола Бакрачески обелоденува дека редовно помагаат на ранливата категорија граѓани а најголем дел од граѓаните кои бараат еднократна помош се однесува за подмирување на трошоци за лекарства.


Мај 22, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп.


Мај 22, 2015

Под мотото „Од децата за децата“ на 31.05.2015 год. (недела) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид , со почеток од 12 часот, ќе настапи хорот „Златно славејче“.


Мај 22, 2015

Здружението ТИТОИСТИ-Охрид,по повод Денот на младоста(радоста)-Предавање на импровизирана штафета која ја носи младината од сите ЈУ Републики во Белград, а во Р.М.носејќи ја од ТИТОВ Велес до Скопје.


Мај 22, 2015

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).