„Мобилно 3D кино“ во Охрид
Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.
On-line плаќање на радиодифузна такса
Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, УЈП овозможи електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса, од кое било место и во секое време. Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.
И Линдита заслужува среќно детство
Секаква помош е добредојдена за Линдита Рамадан која има церебрална парализа, а живее во тешки услови, во една соба со влага, заедно со нејзината мајка и болен татко. Телевизија ТВМ денес беше во нејзиниот дом.
Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид
Светскиот ден на планетата земја во Охрид се одбележа со ставање акцент на заштитата и зачувувањето на водите на Охридското Езеро. Целта на овој денешен хепенинг беше макар и микронски да се подигне свеста на охриѓани за заштита на езерото, но и на останатите природни убавини со кои градов располага во изобилство.
Охрид ќе се дотерува пред летната сезона
Охрид ќе се дотерува пред летната сезона.
Саморегулацијата во медиумите за поголема професионалност и етички стандарди во новинарството
Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.
Детската градинка „Билјана“ добива нов покрив
Во тек се активности за изградба на нов покрив на детската градинка „Билјана“.
Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид
Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“.