Комедијата „Жена ми се вика Борис“ во сабота пред охриѓани
Со оваа урнебесна комедија пред охридската публика ќе се претстават актерите од битолскиот театар „Солзи и смеа“.
Продолжен рокот за пријавување за полагање Англиски јазик за таксистите
По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година.
Утре во Охрид „Марш на вистината“
Утре, четврток, на 16.04.2015 год. во 14.00 часот во Хотел Ривиера во Охрид, СДСМ ќе одржи прес конференција, на којашто ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев.
Најнов „инвестиционен зафат“ на ЕВН?
Повторно проблем со отвореното разводно орманче во нас.„Гоце Делчев“.
Охридското езеро го демне опасност
Колекторскиот систем дотраен, индивидуалнат свест на граѓаните на ниско ниво. Охридското езеро во опасност од загадување. Донацијата од јапонската влада за ревитализација на колекторскиот систем, надеж за езерото.
ЈП „Градски пазар“ даде отчет
ЈП „Градски пазар“ бележи нагорен тренд во работењето. Тоа го потенцираше директорот Тони Коталески во отчетот кој го даде пред новинарите. Најголем успех е реализацијата на капиталниот проект за изградба на затворен зелен пазар.
Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро
Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите, еколошките проблеми и туризмот беа главни теми на кои дискутираат челниците на Охрид, Струга и Поградец.
Живеј здраво, живеј безбедно
На градскиот плоштад денес вриеше како во кошница. Децата од охридските основни училишта со низа активности дадоа свој придонес кон одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Нив на едно место ги собра ОО на Црвен Крст Охрид, Локалната Самоуправа и Секторот за внатрешни работи.