Skip to main content
Апр 14, 2015

Јавното претпријатие Проаква, Р.Е. „Водовод“, не може да го реализира проектот за замена на водомерите со нови електронски за далечинско отчитување. Од започнувањето на овој проект пред неколку години само станарите на една зграда во Охрид добиле нови водомери. Од Водовод велат дека проектот е добар но ќе почека подобрување на финансиската моќ на Проаква.


Апр 14, 2015

Од неодамна МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид воведе електорнска достава на фактурите за правни лица.


Апр 13, 2015

Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ алармира за континуирано труење на бездомни кучиња кое според нив е особено забележливо во Пештани. Додаваат дека ваквиот чин е строго забранет и казнив според кривичниот закон.


Апр 13, 2015

Велигден весело се одбележа на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од Мелбурн, Австралија штитениците од ова одделение ги почестија со  празничен ручек.


Апр 13, 2015

Се поизвесна е изградбата на нов павиљон од геријатриското одделение во Охрид. Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем на градов но и на регионов бидејќи сега на геријатриското одделение во Охрид се згрижуваат пациенти и од Струга, Кичево и Ресен.


Јун 21, 2021

Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“ имплементиран од невладината организација „Нова Порта“ во рамки на Годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид, изминативе два месеци беа реализирани бројни активности за подигнување на еколошката свест.


Апр 13, 2015

Денес Утрена со Златоустова литургија имаше во сите цркви, со почеток во 8.30 ч. Додека пак, Архиерејска литургија во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Струга.


Апр 11, 2015

Охриѓанката Зорица Наумоска, дел од тимот од седум студенти на правниот факултет „Јустинијан Први“ кој постигна огромен успех на најголемиот натпревар во меѓународно арбитражно право, Вилијам Ц Вис во Виена. Тимот од студенти по право, заедно со нивните професори и асистенти-тренери, со постигнатиот резултат, се ставија рамо до рамо со некои од најпрестижните светски универзитети како Кембриџ, Оксворд, Сорбона.