Skip to main content
Јан 12, 2015

Шест нови лица вработени во Охридскиот народен театар. По двајца актери, режисери и драматурзи ќе се придодадат на постоечката екипа на театарот кој на крајот од месецов започнува со репертоарот за 2015та година. Најавуваат три театарски премиери, детска претстава и младинско театарско студио.


Јан 12, 2015

Во Куќата на Робевци ќе биде претставена и реконципирана поставка посветена на животот на ова старо охридско семејство. Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“.


Јан 12, 2015

По седумнаесетти пат оваа година на големиот верски празник св. Василиј  село Куратица е подготвено да ги пречека сите гости.


Јан 10, 2015

Мал број охриѓани уживаат во масажите и терапиите од алтернативната медицина за рехабилитација. Нив повеќе ги практикуваат странските гости кои доаѓаат во нашиот град. Сите методи и препарати од алтернативната медицина за лекување и рехабилитација ќе добијат законска рамка. Нивните практиканти ќе треба да имаат медицинско образование и лиценца што ќе ја издава посебна комора.


Јан 9, 2015

Охрид ќе го посетат 30 000 гости за богојавленските празници. Од нив голем дел ќе бидат од соседните земји. Програмата веќе е подготвена, а славењето започнува од 16ти јануари и ќе трае до 20ти.


Јан 9, 2015

Во општина Дебрца ќе се решава проблемот со отпадните води во селата Велмеј и Лешани. Градоначалникот Игор Трајкоски рече дека тоа ќе се реализира со грантот неповратни средства  за инфраструктурни проект во висина од 260 000 евра обезбедени од Министерството за финансии прку ИПА програмата, како и со дел од средства од Светска банка.


Јун 9, 2021

И оваа недела ви предлагаме осум интересни наслови кои веќе се обработени и достапни за позајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.


Јан 8, 2015

Приведен  24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник.