Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици
Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици.
Вечерна богослужба за „Прочка – Поклади“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 22 фавруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца
Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска.
Започнаа уписите за младите актери
Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар.
ЈП „Градски пазар“ издава тезги за 8-ми март
По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот.
Низ градов тешко е да се вози линиски превоз
Нема постојки, и тие што се ги узурпираат дивите таксисти, нема табли со возен ред и уште еден куп други пропусти кои надлежните никако да ги решат. И покрај тоа веќе четири месеци на барање на граѓаните функционира градскиот превоз кој го спроведува АД „Галеб“.
Во целост ќе се конзервира и реставрира ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо
Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид.
Локалната најавува градежна пролет
Ќе се интервенира на повеќе улици низ градов, ќе се поплочуваат тротоарите, а ќе се започне со изградба на најавуваните кружни текови.