Се уредува паркингот кај „Студенчишта“
Започнаа активности за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП “Билјанини извори“ . Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“.
Жителите од Канео упатија петиција до градоначалникот Бакрачески
Жителите од Канео со петиција до Градоначалникот Бакрачески за спаување на мостот на желбите.
Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ
Едно лице од Охрид заразено од бактеријата листерија. Од Центарот за јавно здравје велат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново, ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот. Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување.
Трпејца полупразна, допрва очекува гости
Во шпицот на туристичката сезона Трпејца е полупразна. Временските услови не им се погодија на домаќините, но доколку оваа туристичка населба очекува повторно враќање на домашните туристи, недостига комплетна туристичка понуда сметаат станоиздавачите и жителите од Трпејца.
Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“
Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“.
Бакрачески во посета на Трпејца
Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид, во посета на Трпејца. Таму оствари средба со мештаните, ги слушна нивните проблеми и рече дека ќе се заложи за нивно надминување. Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги тиштат мештаните на оваа преубава туристичка населба.
ДА СЕ ОТСТРАНАТ ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба , на трошок на сопствениците.
Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад
Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад.