Skip to main content
Ное 28, 2014

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.


Ное 28, 2014

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,,  (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).


Ное 27, 2014

Судска разрешница за случајот лизгалиште следната  недела.


Ное 27, 2014

Број на спасители според должината на ефективно користената површина на плажата, намалени зони за безбедно капење. Предлог измени на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, министерства, претставници од локални самоуправи, заеднички дискутираа за подобрување на застарената законска регулатива за безбедност на капалиштата.


Јун 3, 2021

Се дислоцира автобуската постојка кај Гимназијата.


Ное 27, 2014

Со модринки или без, тивко или гласно, често или само еднаш. Физичко, вербално, психичко, сексуално, насилството врз жената е кривично дело. Денес во ОСУ „Св Кирил и Методи“ се одржа едукативна работилница за средношколците во рамки на проектот, „Едукација и превенција“. Настанот го организира Женски Центар „Бисера“.


Ное 27, 2014

Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.


Ное 27, 2014

Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 27- ми ноември, во 15 часот поради изведување работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Е65 Кичево-Охрид ќе биде во прекин.