Skip to main content
Ное 27, 2014

Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.


Ное 27, 2014

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.З.Ш.(65) од охридското село Велгошти.


Ное 26, 2014

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид,  се одржа работилница на оваа тема. Локалната е транспарентна, но има сеуште простор за подобрување на пристапот до информации на граѓаните, рече заменик градоначалникот, Ангел Јанев.


Јун 3, 2021

Заврши јавниот повик за хотелите и туристичките агенции кои претстојнава сезона ќе бидат опфатени во помошта на Владата за справување со последиците од корона пандемијата преку доделување на ваучери за туризам. Право на учество имаа сите категоризирани угостителски објекти за сместување кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава, како и туристичките агенции со „А“ лиценца.


Ное 26, 2014

Нема спортски активности во СРЦ „Билјанини извори“ .


Ное 26, 2014

Поставки со етнолошки експонати насловени како „Изложба на клашна“ и „Рачната работа изумира, но во музејот останува“ ќе бидат презентирани пред охриѓани на 28 ноември во куќата на Робевци. Етнологот Марија Каневче вели дека собирањето на материјалите за едни вакви поставки е долг процес од којшто на крај се прави селекција на најубавите предмети кои се изложуваат  пред очите на јавноста.


Ное 26, 2014

Охрид се подготвува за дочекот на новата година. Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември, а се планира и богата културно-уметничка програма за сечиј вкус. Во тек се преговорите со познати уметници кои ќе настапат на 31 декември на градскиот плоштад. И оваа година по се изгледа пак ќе имаме лизгалиште.


Ное 25, 2014

Современ  гастрокабинет доби охридската болница.