Со средствата собрани од концертот „Од децата-за децата“, купени фотокопир и LCD проектор
Учениците од средното економско училиште заедно со учениците од гимназијата одржаа хуманитарен концерт од кој собраните средства беа наменети за осовременување на наставата во Св. „Кирил и Методиј“.
ВНИМАВАЈТЕ! Компјутерски вирус се шири на Фејсбук
Компјутерски вирус се шири на социјалната мрежа Фејсбук, предупредуваат од Критинк, од каде велат дека вирусот може да се препознае по тоа што во структурата на линкот е содржан зборот „coco”.
По петти пат во Охрид, „Звуците на Египет“
Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Македонија „ Sound of Egypt“, што се одржува по петти пат.
Значаен успех на младите охридски шахисти
На државниот натпревар во шах, што како дел од натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска , ученичка од шесто одделение од ОУ „ Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија.
Избор на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро
Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро.
Пицата најомилена меѓу средношколците
Само 28 % од средношколците редовно јадат овошје. Повеќе од половина средношколци во текот на времето поминато во училиште јадат само пецива а најомилено јадење им е пицата, покажуваат податоците од анкетата за здрава исхрана и однесување што ја направи Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна
Салонот за убавина Миракл, еден од малкуте бизнис планови од Охрид кои добиле дел од средствата кои Владата на Република Македонија ги нуди на невработените лица преку активните мерки на Агенцијата за вработување.
Четкањето на заби се учи од мала возраст
Децата од мали нозе треба правилно да ги четкаат забите бидејќи тоа е најважна превентива за добро орално здравје. Денес тоа го учеа децата од градинката Јасна Ристеска, а во тоа со стручни совети им помагаа стоматолози од Денторија и ординација Сашо Стоев, се тоа во рамки на реализација на проект, поддржан од Лајонс Клубот од Охрид.