Skip to main content
Јан 22, 2024
Црвен крст Охрид
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година.

Јан 22, 2024
УХМР
До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Јан 19, 2024
Бог се јави
29 годишниот Никола Јакимоски го извади чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. И годинава во Охрид масовно и свечено се одбележа големиот христијански празник Богојавление Водици со присуство на илјадници верници од градот, државава и гости од регионот.

Јан 18, 2024
СВР Охрид
Мерките се насочени кон зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и безбедност во сообраќајот.

Јан 18, 2024
За министерката за култура која е дел од националната комисија на УНЕСКО, катната гаража во Охрид не е објект од јавен интерес и затоа нема одобрение за градба. Градоначалникот Пецаков вели тоа е суштинско непознавање на материјата.

Јан 18, 2024
ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат.

Јан 18, 2024
Оваа генерација на Локалното раководство ја презеде најкомплексната операција, а тоа е конечно раздолжување на општината и почеток на нормално фукнционирање на Локалната самоуправа, кажа градоначалникот притоа потенцирајќи дека актуелната локална власт од првиот ден посветено работела за да се постигне оваа цел. Пецаков ги поздрави и напорите на минатите локалните раководства за раздолжување на општината како и помошта од Владата.

Јан 18, 2024
Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.