Ќе се собира отпадно масло и стара хартија
Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна.
„Цветни балкони – Цветен Охрид“
Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.
Заврши првиот Аматерски театарски фестивал во Охрид
Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училиста „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската група од средното училисте Св.Климент Охридски-Гимназија, Охрид, со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал “Вдиши Театар”, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28 мај до 1 јуни, во Охрид.
Монографија по повод 50 години од матурата
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше промовирана Монографијата по повод 50 години од матурата, од Димче Стојкоски Лепиот. 123 страници и 170 слики, за спомен на колегите од неговата генерација.
Три капитални проекти во Охрид чекаат зелено светло од УНЕСКО
Неколку капитални проекти за Охрид не можат да отпочнат со реализација додека целосно не се усогласат со УНЕСКо и Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион. Проектот за реконструкција на кејот е повторно на ревизија во Париз. За катната гаража е спорна висината. За изградба на марина Градоначалникот ќе бара мислење и одобрение на сесијата со Унеско во јуни.
Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година
Фестивалот Охридско лето се закити со многу престижни награди за минатогодишното издание. И оваа година најавуваат звучни имиња и врвен квалитет.
Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов
Кучињата скитници, проблем кој надлежните години наназад го ставаат под тепих. Невладината организација „Анималиа“ денес организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња, кои револтирано дискутираа за моменталната состојба во градов.
Ќе се издава ресторанот на охридските гробишта
Дали после неколку месеци пауза ќе проработи ресторанот на охридските гробишта? Огласот за издавање под закуп на ресторанот во кој се прават задуши на градските гробишта ќе биде објавен наредната недела, обелоденува Зоран Симоноски, директорот на ЈП „Градски гробишта“.