Skip to main content
Мај 30, 2014

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.„Гоце Делчев„ (населба „Бараки„).


Мај 7, 2021

Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност.


Мај 30, 2014

Денес, 30-ти мај, од 10:30 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на улицата „Бекир Али Риза“ и дел од „Охридска бригада“, информираат од ЕВН Македонија.


Мај 29, 2014

Проверка на знаењето на учениците по сите предмети преку цела година, со Писи-педија. Станува збор за имплементација на нов софтвер, производ на образовниот центар ПИСИ. Ангел Јанев, еден од креаторите на новиот софтвер, очекува, со негова примена напредок во образовниот систем во земјава.


Мај 29, 2014

„Вулканот“ во Косел не е опасен.


Мај 29, 2014

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против К.М.(26) и Т.Б. (24) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Нив одредена им е мерка притвор во траење од осум дена.


Мај 29, 2014

ОУТУ „Ванчо Питошески“, во текот на оваа недела организира „Отворени денови“ за сите заинтересирани основци.


Мај 29, 2014

Православните христијани денес го слават празникот на Христовото вознесение или Спасовден, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.