Skip to main content
Окт 27, 2014

Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил вчера, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.


Мај 31, 2021


Градските советници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал, а поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП. Едногласно беше усвоена предлог одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирање во рамките на градежните парцели. Советниците не дадоа согласност за обезбедување финансиски средства за функционирање на планинската спасителна служба.


Окт 25, 2014

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишен жител на Охрид.


Окт 25, 2014

Многу од главните ризик фактори за мозочен удар се случуваат почесто кај жените. 80% од мозочните удари можат да се превенираат, доколку навреме се откријат ризик факторите, велат од охридското здружение „Мозочен удар“. Од таму порачуваат, дека со промена на животниот стил, односно со примена на здрава исхрана, физичка активност и намалување на стресот, се намалуваат и ризик факторите од мозочен удар.


Окт 25, 2014

Пензионерите од Дебрца формираа посебно здружение.


Окт 24, 2014

Поставувањето на двојазичните табли на македонски и албански јазик пред канцалариите на ПЕ на ПИОМ во Охрид, за локланите партии од опозицискиот блок се флагрантно кршење на законските одредби од Законот за употреба на јазици, додека пак владеачката партија без прецизен став во врска со ова прашање.


Окт 24, 2014

Сите Авто школи во државава до 2017та ќе треба да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови.  Ова  е предвидено со новиот предлог Закон за  безбедност во сообраќајот на патиштата. Здружението на авто школи, возачи и инструктори на РМ не ги прифаќа ваквите новини.


Окт 24, 2014

25ти октомври, европскиот ден на граѓанските права одбележан во Основниот суд во Охрид. Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните.  Претседателот Милчо Клишески задоволен како истиот функционира нагласува дека се повеќе се трудат да бидат транспарентни и отворени за граѓаните.