Црвен Крст од Охрид подготвен да помага во Србија
Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен.
Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година
Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија.
Девет годинки, како Охрид не бери гајле
Емисијата „Охриде не бери гајле“ денес го прослави деветиот роденден која ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани на фрекфенцијата на охридското „Супер радио“.
Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух
Охридските фармацефти успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица. Бенефитот од овие обуки е обостран затоа што фармацевтите ќе можат да остварат вистинска комуникација со овие лица, а пациентите добиваат можност да ја остварат својата комуникација на квалитетен начин.
Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска
Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.
Комуналец ќе подига кабаст отпад од У.З.8 „Билјанини извори“
Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.8 ЊБилјанини Извори“.
Дел од Булеварот „Туристичка“ денес без струја
ЕВН Македонија информира дека денес, 16-ти мај, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од булеварот „Туристичка“, односно кула 6 и 8 и кула „Трудебник ТР2“.
Ќе се издаваат локации за билборди во Охрид
До крајов на месецов треба да биде завршена постапката за издавање под концесија на локација за поставување на билборди во градов.