Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА
Охрид го одбележа светскиот ден на борба против Сида-та. Оваа година во градов нема ниту еден регистриран случај на ХИВ СИДА, но тоа не значи дека и понатаму не треба да се работи на превенцијата, вели претседателот на охридскиот Црвен крст, Сашо Точков.
Уште една, трета по ред кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид
Покрај него, кривични пријави добиле и поранешен директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“ и претседателот и членови на управниот одбор на претпријатието.
Академија Пандев есенски шампион на Македонија во млади категории
Генерацијата 99та-2000та првиот дел од шампионатот го заврши без пораз. Успехот го прославија со мал коктел, а во мај се надеваат дека ќе ја освојат и титулата. Целта им е влез во првата лига за млади категории.
Занаетчиите ќе добијат субвенции од 9000 денари
Ќе се субвенционираат занаетчии на подрачјето на Општина Охрид. На барателите ќе им биде исплатен износ од 9000 денари.
Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба
ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба.
Ќе се урива ли „Мостот на желбите?“
Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.
Рокот за субвенционирање комунални услуги завршува во петок
Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.
Недела за борба против сидата во Охрид
Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности: